ВМРО-ДПМНЕ: Власта со сите сили се обидува да го заташка скандалот на шверцот на 1 тон дрога, власта државата ја претвори во нарко картел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта сеуште без одговори како 1 тон психотропна супстанца влегла во Македонија преку скопскиот аеродром. Премиерот во заминување Зоран Заев и кланот на власт ја претворија Македонија во нарко картел. Очилгедно е дека во Македонија, мафијата си има своја држава, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Со сите сили власта се обидува да го заташка и овој случај, како и многу други вакви случаи кога во огромни скандали се вмешани директно лица од власта или блиски до власта.

Јавноста чека одговори, како пратка од еден тон дрога неприметно влегла преку скопскиот аеродром и била транспортирано кон главниот град?

Од Царина нема одговор на прашањата, дали некој им дал усна или писмена наредба на службениците на аеродромот да не направат преглед на пратката која пристигнала од Дубаи, а била на фирма која се занимава со мобилна галантерија?

Молк и од МВР и Оливер Спасовски за транспортот на пратката. МВР треба да одговори дали дрогата при транспортот била со придружба од Царината кои се движеле со ротациони светла, и дали при претресот на полицијата биле одземени 2 мобилни телефони на цариниците кои биле затекнати во возилата?

Исто така нема одговори од МВР, дали царинските службеници кои на 05.11.2021 година биле на своето работно место на скопскиот аеродром дале изјава во која посочиле дека претпоставениот царински службеник им дал наредба да не извршат контрола, за после неколку дена под силен притисок од претпоставените истите изјави да бидат променети?

Молкот и од Јавното обвинителство говори дека ова е голема афера. Ова само покажува дека во Македонија нема правна држава, нема борба со организираниот криминал на власта, нема слободни правосудни органи.

Ова е сериозен меѓународен скандал, кои треба што поскоро да се расветли. Ги повикуваме институциите, Јавното обвинителство, МВР и Царината веднаш да покренат истрага и да го расчистат овој случај. Одговорност мора да има, велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This