April 26, 2024, 12:57 pm

ВМРО-ДПМНЕ: Гpeшкитe нa Зaeв вo eнepгeтикaтa, гpaѓaнитe ги чини 15 милиони eвpa мeceчнo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради алчноста и неспособноста на Заев ни претстои енергетска криза, да се формира кризен штаб за брзи решенија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Заев и власта неконтролирано трошеа од хидроцентралите за да покажат профит во изминатата година, а сега езерата се на минимум.

-Термоелектраните немаат јаглен. А немаат затоа што власта само брка тендери, а не се грижи за механизацијата во РЕК. Директорот на МЕПСО кажа дека во изминатиов месец државата трошела дупло повеќе струја отколку што произведувала. 1/3 од струјата која недостасувала буквално е преземана од евроспкиот заеднички систем. Како последица на таквото преземање и самиот директор на МЕПСО кажа дека само за еден месец претпријатието ќе треба да исплати 15 милиони евра кон странство, што е половина од парите кои се како добивка на МЕПСО на годишно ниво, со што ќе биде загрозена ликвидноста на МЕПСО, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Власта е неспсобна да се справи со енергетската криза, и треба да си замине.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This