ВМРО-ДПМНЕ: Договорот од Преспа се менува и македонскиот идентитет, се брише и јазикот, историјата и културата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Писмото на Димитров до грчкото Министерство за надворешни работи, уште еднаш потврдува дека со Договорот од Преспа не само што се менува уставното име туку се менува и македонскиот идентитет, се брише и јазикот, историјата и културата. Со други зборови Заев и Димитров се откажаа од се што е македонско, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Законот за јазици, промената на уставното име не беше дел од програмата на СДСМ, но беа дел од концесиите на Заев. Македонската држава е заложник на хипотеките на Зоран Заев, хипотеки и концесии дадени со единствена цел доаѓање на власт иако мнозинството македонските граѓани не му ја дадоа довербата. Црнила надвиснаа над Македонија денот кога аболицираниот Заев седна во премиерската фотелја. Граѓаните осиромашуваат, економијата е пред колапс, давачките кон државата растат, нема нови проекти, здравството и образованието тонат, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Македонија е понижена и клекната на колена, се распродаваат државните и националните интереси.

-Парите на граѓаните завршуваат во џебовите на високи државни и партиски функционери, се измислуваат државни функции, се исмупмупуваат буџетски пари преку криминални тендери и грантови. Лек за црнилата на Заев е македонскиот граѓанин, кој на следните избори ќе го испрати Заев во политичка пензија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This