ВМРО-ДПМНЕ до Заев и Филипче: Caкaтe двa глaдни вoлкa дa влeзaт вo cтaдo jaгнињa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Она што го нуди Филипче на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а е поврзано со Клиничкиот центар е тие да дадат амин на најкорумпираната влада во Европа да располага со над пола милијарда евра за криминална изградба на Клинички центар, е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повикот на министерот за здравство, Венко Филипче до опозицијата, да ги повлече 2000 амандмани со кои е блокиран Законот за изградба на нов Универзитетски клинички центар и да го контролира процесот за изградба на новиот центар.

– Или фигуративно кажано да се согласат пратениците два гладни волка да влезат во стадо јагниња и сето тоа немо да го посматраат. Филипче краде од набавка на томографи, а можете да замислите што ќе се случи кога на располагање ќе имаат над пола милијарда евра. Тоа би било пљачка на векот. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во криминал и грабеж. Бидејќи СДСМ се фали дека има стабилно мнозинство можат да го поминат законот но да знаат дека ќе одговараат за секое украдено евро потоа. Несериозно е со закон од неколку листа да им се даде за право да украдат над пола милијарда евра – велат од партијата.

Од таму додаваат дека фактот дека не започнаа со градба на готов проект и пари кои им ги остави ВМРО-ДПМНЕ при смена на власта, најдобро говори дека сега бараат личен криминален интерес од градба на друг проект.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This