ВМРО-ДПМНЕ Е ГРАЃАНСКА ДЕСНИЦА: Време е за нов пристап, новата ера започнува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ беше и народна  и конзервативна партија. И ќи ги задржи овие атрибути, но денес сметаме дека треба јасно и недвосмислено да им со обратиме на сите граѓани кои ги делат нашите вредности и да се легитимираме пошироко и поедноставно како ГРАЃАНСКА ДЕСНИЦА, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своето обраќање.

 

-Граѓанската десница се стреми и кон сентиментот кој е близу до центарот и слоевите на граѓани кои се ориентирани кон пазарното општетсво и кон граѓанските вредности во политичка смисла на зборот. Сентиментот на јадро на нацијата обединето околу идејата за раст и развој на Македонија во која живеат среќни и задоволни граѓани и семејства. Граѓанската десница е отворена куќа, дом и место за сите, секој може да влезе, секој е добродојден. Граѓанската десница им се обраќа на сите, рече Груевски.

За граѓанската десница, додаде тој, интересот на граѓанинот e приоритет и тој е во корелација со интересот на државата. Главни приоритети се приватната сопственост, претприемништвото, приватната инцијатива и носењето најдобри одлуки од страна на најкомпетентните. Ние велиме – Активен поединец во силна и ефикасна држава.

-ВМРО-ДПМНЕ е против површен оптимизам и лажна надеж. Мудроста е во мерката и средината. ВМРО-ДПМНЕ е партија на десниот центар. Оттаму е потребно да се има и негува едно заедничко стојалиште за сите граѓани во Македонија, што ќе ги држи заедно за доброто на секој. Индивидуата е цел на десницата. Македонија е заедница на слободни, автономни индивидуи кои сами можат да го регулираат животот и да донесуваат одлуки за сопствениот живот. И тие се одговорни за тоа што им се случува, рече Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ е против индивидуализмот кој прераснува во егоизам и самоостварување без припадност, без свртеност кон другиот, без обѕири кон заедницата но и со анархичност.

-Односот меѓу граѓанинот и државата мора да биде однос на заемна доверба. Моќта на државата, на власта произлегува од довербата на народот, на граѓаните. Репубика Македонија е граѓанска држава во која се развива мултиетничко, мултиконфесионално и мултикултурно општество. Без разлика на која вера и нација и припаѓа мојот сосед , вратата на мојот двор е секогаш отворено за него. Ja имаме традицијата на солидарност. Треба да ја негуваме и да ја надградуваме. Граѓанската десница ја нагласува важноста на националниот идентитет. На поединецот на кој му се негира чувството на припадност, националниот идентитет, на кој му се одзема правото сам да одлучува за името на својата држава, да го истражува сопственото минато, му се одзема и слободата. Треба да чекориме напред, горди на минатото и со верба во иднината, изјави Груевски.

Иднината, рече Груевски, ја гледаме во интеграција на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, кои се наши стратешки цели, и унапредување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This