Владата на СДСМ пак излaжа. Датум за преговори со ЕУ и оваа година нема, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ сега и со промена на име на државата нема да почне преговори поради тоа што нема реформи. Заев треба да знае дека во ЕУ не се оди со партизирана администрација и нeпотизам од енормни размери. Во ЕУ не се оди со руинирaно здравство и лошо образование. Во ЕУ не се оди со јавен долг кој за една година порасна за над половина милијарди евра. Во ЕУ не се оди со kpиминални тендери во четири очи кои ги добиваат партиски послушници. Во ЕУ не се оди со рекет на бизнисите и огpaбување на граѓаните. Се додека Заев е премиер Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ, порачуваат од партијата.