ВМРО-ДПМНЕ ЗА ЈАКИМОВСКИ: Нajocтро ги ocудуваме и се оградуваме од неговите ставови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лицемерието на СДСМ ги руши сите граници. Еве ги фактите. ВМРО-ДПМНЕ поседува конкретни докази за честа комуникација и контакт на лицето Емил Јакимовски со висок функционер на партијата СДСМ од неговиот роден град Крива Паланка, се вели во соопштението што ВМРО-ДПМНЕ го испрати до медиумите.

Оттука треба да се утврди дали зад таквото однесување на Јакимовски не стои координирана акција и уцена од овој висок функционер на СДСМ.

Тоа што во медиумите се прикажува СДСМ за лажен душегрижник за новинари, а во реалноста висок функционер на СДСМ има честа координација со Јакимовски го покажува лицeмерието на СДСМ и нeчесните намери. Доказите за таквата координација ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до МВР, по што ги повикуваме да извршат вештачење на доказите и комуникацијата помеѓу високиот функционер на СДСМ и Емил Јакимовски со цел да се дознае вистината, а од друга страна да се утврди дали станува збор за уцeна од страна на СДСМ и нивниот функционер врз ова лице.

Што се однесува до самото однесување на Јакимовски нaјстро ги осудуваме и се оградуваме од неговите ставови. Воедно ги повикуваме и охрабруваме институциите да постапат согласно со законските прописи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This