ВМРО-ДПМНЕ: Зoштo пpeд дивoгpaдбaтa нa Шилегов нeмa зaдoлжитeлнa тaблa – Дaли фиpми дoбитници нa тeндepи гpaтиc мy гpaдaт згpaдa дивoгpaдбa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот во заминување, Петре Шилегов, кој вообичаено е арогантен и гласен, сега кога е фатен во незаконско градење на семејната зграда молчи и бега.

Зошто пред семејната зграда дивоградба која интензивно се гради, нема табла на  која  ќе стојат имињата на фирмите изведувачи? Дали Шилегов ги крие затоа што нему му градат гратис, а тој им дава тендери од Градот и ги плаќа дебело со народни пари?

Зошто цели институции се ставени во погон за да се заташка овој скандал? Во неработен ден сабота биле менувани документи, а гледаме дека инспекторот за урбанизам абер нема да отиде на увид на местото на дивоградбата, нити да провери дали висината на објектот е согласно ДУП, нити дали има соодветна документација.

А сите на чело со Шилегов од петни жили се обидуваат да го заташкаат скандалот, ама не можат. Фатени се на дело, документирани и прашање на време е кога ќе понесат одговорност и Шилегов и пајташите кои пробуваат да го заштитат. – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This