ВМРО-ДПМНЕ: Како гpaдонaчалник Шилегов догpaдил двa кaта дивoгpaдбa вo Тафталиџе, кyпи хaциeндa вo Maвpoвo и двe вoзилa Аyди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шилегов од позиција на градоначалник на град Скопје енормно си го зголемил својот имот, за што нема основ, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Шилегов пријавил дека купил хациенда во Маврово од 300 м2 за која навел дека вреди 50.000 евра, а градба на станбен квадрат е околу 400 евра, со што се поставува прашањето дали нешто сокрил Шилегов? Тој купил и две возила Ауди кои ги нема во неговиот анкетен лист, за кои исто така треба да и кажена јавноста како ги стекнал. Шилегов треба да им објасни на Скопјани и како гради два ката дивоградба на зградата во Тафталиџе, но и да ги покаже уплатниците си кои тој ги платил фирмите ангажирани за работа, но и законски основ за тие пари, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Шилегов во својот анкетен лист пријавил и:

Стан од 68 квадрати во Скопје;

• Втор стан од 64 квадрати исто така во Скопје;

• Трет стан од 72 квадрати исто во Скопје;

• Четврт стан од 87 метри квадратни исто така во Скопје;

• Една куќа во Тафталиџе од 306 квадратни метри во која што деновиве гледаме дека се прави и лифт

• Втора куќа во Маврово од околу 300 квадрати;

• 8 милиони денари златен накит;

• 3 милиони денари уметнички слики;

• Хартии од вредности.

-Шилегов треба да каже како својот имот го зголемил за луксузна хациенда во Маврово од 300 м2, два ката изградени дивоградба на зградата во Тафталиџе и 2 возила Ауди. А ако Шилегов молчи институциите да одговорат и да отворат постапки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This