April 28, 2024, 12:11 pm

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го прикажува курсот на Харвард како факултетска диплома?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев и заевизмот се познати по своите лаги и фалсификати. Изгледа пиунот Ковачевски е одличен продолжувач на матрицата на Заев. Имено Ковачевски ја фризирал својата биографија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат дали е точно дека Ковачевски курсот на Харвард го прикажувал како факултетска диплома?

-Ако е точно, тогаш направил класична лага и манипулација на јавноста, бидејќи ваквиот курс е скапо платена кратка едукација платена со неколку десетици илјади евра, со кој може да се стекне секој граѓанин со завршен факултет во земјава, само доколку има доволно пари за него за да може да плати и да го посетува. Во тоа се гледа очајот на Заев да најде продолжувач на заевизмот, па мораше да го преставува Ковачевски како студент од Харвард за да звучи уверлив, а тој бил само курсаџија. Пиунот Ковачевски од курсаџија стана главен адут на Заев. Тажно, но вистинито. Очигледно фарсата наречена нов лидер на СДСМ, добива нови димензии. Ковачевски е веројатно најдобриот пиун кој можел Заев да го одбере во СДСМ со цел да продолжи заевизмот и контролата на партијата како сопствена приватна фирма, се вели во соопштението на партијата.

Ништо во СДСМ не се менува, заевизмот владее заедно со сиот криминален и коруптивен систем кој произлегува од него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This