ВМРО-ДПМНЕ: „Криминалот на СДСМ и ДУИ чини животи, после 15 дена нема одговори и одговорност за 45 жртви во изгорениот автобус“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поминаа 15 дена од стравичната катастрофа со автобусот на Беса Транс, а од власта нема ниту одговори, ниту одговорност. Власта на Заев ја замајува јавноста со театри, наместо да понесе одговорност за смртта на 45 лица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта на СДСМ и ДУИ молчи како е возможно без извод од лиценца автобусот на Беса Транс да патувал 140 пати на меѓународни тури. Молчат и за тоа ккао е возможно на кобното патување автобусот воопшто да не бил внесен во системот на Царина. Нема одговри ниту за злоупотребите на регистарските таблички, ниту за тоа кој ја дал хомологацијата, ако се има предвид дека автобусот бил репариран и со зголемен капацитет на 54 патници. МВР, Царина, надлежниот инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и дузина институции се одговорни за низата пропусти и злоупотреби поради кои настана несреќата. Затоа институциите си играат пинг понг со одговорноста исто како и со трагедијата со тетовската болница, стои во партиското соопштение и се додава:

„Неодговорноста и криминалот на власта на СДСМ и ДУИ чини животи. Нивното лицемерие се гледа во нивните лица“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This