ВМРО-ДПМНЕ: Наследничката на лустрираниот кодош Милчин застана зад работењето на аболицираниот Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ и Сорос се лице и опачина на истата паричка. СДСМ и Сорос се заедничкиот именител на актуелната криза и сите деструктивни и ретроградни политики во земјава, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

СДСМ/Сорос ги уништија невладиниот сектор и независната мисла.

Со последниот јавен настап, наследничката на соработникот на службите Владимир Милчин, докажа дека Сорос целосно го поддржувал и прикривал Заев во криминалното владеење со Општина Струмица.

Наследничката на лустрираниот кодош Милчин, ја прогласи Струмица за најуспешна Општина заштитувајќи го Заев за криминалот и украдените 8 милиони евра во случајот Глобал.

Со нејзиниот настап Сорос застана зад работењето на аболицираниот Заев кој од бизнисмените изнудува по едно евро од квадрат за Вицето. Сорос застана зад дивоградбите на Цареви кули и зад принципот тендерите во Општина Струмица да се делат само на милионерите од кланот Заеви.

Сега е целосно јасно зошто наследничката на Милчин ја фаќа паника дека после 24 години, институциите конечно си ја вршат својата функција и како и во секое друго правно лице вршат инспекциски надзор.

Народот на 11-ти декември гласаше против деструктивната политика на СДСМ/Сорос. Народот гласаше против платеничката револуција, против насилството врз полицијата, против вандализмот, палењето и уништувањето на државни институции и спомен обележја. Народот гласаше против СДСМ/Сорос и испрати порака дека е време за десоросоозација.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This