ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме редефинирање на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ има намера да ја редефинира државата само за да дојде на власт и оти за таа цел планира да го крши и Уставот на Република Македонија.

vmro-sediste

– Она што го најавувавме за време на целата предизборна кампања, сега го гледаат сите. СДСМ се обидува самата со себе да се натпреварува во проширувањето на понудата кон албанските партии за да дојде на власт по секоја цена. СДСМ е цврсто влезена со намера за редефинирање на Република Македонија. СДСМ за оваа своја цел планира да го крши Уставот на Република Македонија. Тоа нема да го дозволиме – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи дефакторизација на македонскиот народ и на другите етнички заедници кои живеат во Македонија.

– Го потсетуваме и СДСМ и секој друг којшто сака да се коцка со државните и националните интереси дека во Република Македонија има и други кои мислат на тие интереси и коишто се подготвени да се борат за нив. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победија на изборите освојувајќи мнозинска поддршка и доверба од граѓаните на Република Македонија кои ја препознаа намерата на СДСМ за редефинирање на Македонија. Наша историска и идеолошка определба, но и мандат даден од мнозинството граѓани, е заштитата на државните и националните интереси во која било форма и во која било ситуација – истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This