ВМРО-ДПМНЕ: Нов договор за ниски даноци, мала невработеност и силен раст на економијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ почнува со втора епоха во политичкото делување, што ќе го одбележи со заедничкиот патриотизам и нов договор за напредок на општеството.

Во породолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Нов договор за ниски даноци, мала невработеност и силен раст на економијата,

ВМРО-ДПМНЕ почнува со втора епоха во политичкото делување, што ќе го одбележи со заедничкиот патриотизам и нов договор за напредок на општеството.

Гарантираме намалување на данокот на добивка и персоналниот данок на доход на 8%, како и 0% данок за младите.

Ниските даноци ќе бидат мотор за намалување на невработеноста која мора да биде едноцифрена.

За економски раст потребна е борба против корупцијата. Македонија мора да биде на листата на првите 50 држави на листата на Транспаренси кои се борат против корупција.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ отвора врата до мудрите луѓе на Македонија, да помогнат да ја вратиме надежта и енергијата во општеството и државата како што ја имало кај граѓаните кога се формирала државата.

Македонија во догледно време мора да има стандард како една Австрија. Државата мора да биде дел од ЕУ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This