ВМРО-ДПМНЕ: Нa 17-ти oктoмвpи ќe бидaт пopaзeни пoлитикитe нa Заев, вpeмe e дa coздaдeмe нoвa иднинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 17 октомври ќе бидат поразени политиките на Заев, време е да создадеме нова иднина, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Македонија поради Заев и Филипче е држава која има најголема смртност од КОВИД во Европа, близу 7000 луѓе ги загубија своите животи, со вакцинација се доцнеше 5 месеци, немаше тестови за КОВИД, 14 луѓе живи изгореа, и никој од власта не презема одговорност. Половина милион луѓе живеат со по 150 денари на ден, 60.000 луѓе останаа без работа, 5600 фирми се затворија, секој човек е задолжен со по 4.500 евра, а Заев вели дека блескаме. Земјоделците се на улица, нема производ за кој има откуп, а ако по некоја среќа има, цените се мизерни. БМВ то на Заев чини колку 400.000 килограми оризова арпа. Нема бизнис кој не е изрекетиран. Економијата е клекната на колена, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Заев не може подобро. Тој го покажа најдоброто од себе, а тоа е криминал, корупција и рекет, во тоа е најдобар.

-Време е Македонија да се одлепи од дното, од просекот, од лудилото во кое не внесе СДСМ. Време е да создадеме нова иднина. На 17 октомври сите ние ќе можеме сами да одлучиме дали ќе му дадеме на Заев шанса да ја пустоши Македонија или сакаме државата да тргне напред, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This