ВМРО- ДПМНЕ: Одлучивме да не учествуваме во дебатата на „Телма“ во знак на протест за загушувањето на медиумите кои не му се допаѓаат на Заев и на СЈО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако првично го потврдивме учеството на вечерашната ТВ дебата на телевизија Телма, поврзана со идните активности во собранието, ВМРО ДПМНЕ попладнево одлучи да не учествува во оваа дебата во знак на протест за загушувањето на медиумите кои не му се допаѓаат на Заев и на СЈО, како и на сценаристите зад нив, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne-1-2-1

-СДСМ преку својата продолжена рака СЈО незаконски врши притисоци врз сите медиуми кои не се под контрола на СДСМ и беа прогласени за најголеми непријатели на криминалецот Заев, велат од партијата.

Со овој чин ВМРО ДПМНЕ изразува солидарност кон медиумите кои се под политички прогон со цел нивно замолкнување и реализирање на сценариото за остварување на тиранската платформа и промема на името и идентитетот по грчки терк.

-Сите поважни медиуми кои имаат критички осврт кон ова сценарио се под удар на СДСМ- СЈО и надворешни центри кои стојат зад операцијата. Покрај упадите во неколку национални телевизии, на удар е и сопственикот на ТВ Нова со цел замолкнување на оваа телевизија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This