ВМРО-ДПМНЕ свика Извршен Комитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава во текот на денот каде ќе се разгледуваат најновите случувања околу актуелната состојба и понатамошните чекори кои ќе се превземат, информираат од партијата.

Makedonija-zname-miting-VMRO-640x357

Седницата е свикана во моментите кога расте незадоволството меѓу граѓаните поради штетните и опасни одлуки за редефинирање на државата чие донесување го најавува СДСМ и ДУИ.

Она што е веќе познато е дека Груевски во последната изјава посочи дека СДСМ и ДУИ сакаат да направат дефакторизација на македонскиот народ.

-Она што сега се случува покажува дека СДСМ е цврсто влезена во намера да ја редефинира Македонија. Но морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе стои цврсто во било која ситуација на браникот и одбраната на државата и националните интереси, рече Груевски оценувајќи ја ситуацијата со преговорите за формирање нова влада. Она што може да видиме, рече Груевски, е обид на СДСМ и ДУИ да направат дефакторизација на Македонците, на македонскиот народ, но и на другите етнички заедници како Турците, Србите, Власите, Ромите и останатите.

– Таа дефакторизација нема да ја дозволиме. Она што исто така го гледаме е дека СДСМ се обидува на некој начин да се натпреварува самата со себе колку повеќе ќе им даде на албанските партии, и се поставува прашањето до кога така. До кога со тоа давање, дали до моментот до кога нема да остане ништо во државата за давање и ќе се загуби сето она што е стекнато со многу труд, со многу крв и многу напор, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека тоа што сега од СДСМ тврдат дека Уставот нема да се менува е само заради фактот што, како што рече, знаат дека тој без ВМРО-ДПМНЕ не може да се менува. – Инаку и Уставот ќе го променеа. Велат дека односно укажуваат дека се ќе биде согласно Уставот, а всушност она што се слуша, што го планираат е кршење на Уставот преку наводни законски интервенции. И тука ќе останеме цврсто на бедемот на одбраната на државните и на националните интереси во било која форма и во било која ситуација, рече Груевски.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This