ВМРО-ДПМНЕ СЕ ОБВРЗУВА: Ќе создадеме национална мрежа на 4 нови клинички центри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова на македонското здравство, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на целосна обнова на здравството, со квалитетни реформи и мерки кои ќе обeзбедат повеќе квалитет, повеќе задоволни граѓани, повеќе здравје за секого. Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на капитален проект за воспоставување на национална мрежа на 4 нови клинички центри што ќе подразбира нов квалитет во македонското здравство. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за воспоставување на интегриран систем од 4 клинички центри и тоа: Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“. Универзитетскиот Клинички Центар „8 септември“, кој што практично планираме да го трансформираме во Клинички Центар кој е планирано да работи под административна капа на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“. Воспоставување на Универзитетска клиничка болница Штип што ќе опфати подигнување на нивото на сегашната болница. Воспоставување на Универзитетска клиничка болница Тетово.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека со овие 4 центри здравството ќе стане подостапно за граѓаните и ќе се спacат повеќе животи. Се обврзуваме да смениме голем дел од работите и пpоблемите кои се наталожувани со години и децении. Ветуваме многу работа, и достоинствени услови.

После 12-ти април заедно ќе ги менуваме работите, и заедно ќе се избориме за обнова која ќе значи повеќе стандарди, повеќе услуги и квалитет во здравството, ќе значи повеќе за секого, истакнуваат од партијата.

По 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира владата ќе донесе обнова на државата врз основа на реални мерки. Обновата доаѓа и обновата победува, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This