ВМРО-ДПМНЕ СО БАРАЊЕ: Под итно да биде кaзнeт Рашковски и јавно да се извини за дeмонcтрирaнoто бeззaкoниe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта неколку дена молчи за неодговорното однесување на Рашковски. Дали Рашковски е над законот и поради тоа не е казнет за непочитување на мерките и законите?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Генералниот секретар на владата Драги Рашковски пред неколку дена е фатен како без маска на лицето, спротивно на прописите и законската уредба слободно се движи во продавница и со тоа го загрозува здравјето на останатите присутни и демонстрира беззаконие.
За ваквото беззаконие институциите се уште молчат, велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните прашуваат зошто за Рашковски не важат законите кои за нив важат? Дали неговата функција во владата во заминување е таа што го прави да биде над законот?

ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за демонстрираното беззаконие.

Уште еднаш се докажа дека со Заев и СДСМ Македонија доби единствено хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This