ВМРО-ДПМНЕ СО СООПШТЕНИЕ ПО СОСТАНОКОТ НА ЦК: Заев го продава идентитетот, историјата, културата и традицијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев ги прифати грчките црвени линии со кои се менува идентитетот и се брише македонската историја, традиција и култура. Понижувачки и потценувачки е фактот што Зоран Заев се повикува на историските учебници кои тој преку договорот со Грција прифати да ги менува и ревидира, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до Зоран Заев.

-Истиот тој Зоран Заев кој во своите говори се повикува на историските учебници од кои учеле генерации граѓани на Република Македонија, кој во своите говори се повикува на македонските револуционери и дејци, истовремено формира комисија чија основна цел ќе биде менување и ревидирање на историските учебници и македонската историја. Формирањето на таквата комисија е јасна потврда за бришењето на македонската историја и македонската традиција, што се прави со штетниот договор со Грција. Тоа е вистината за штетниот договор која Заев сака да ја сокрие од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Зоран Заев преку овој капитулантски договор го продава идентитетот, историјата, културата и традицијата. Капитулантскиот договор е на целосна штета на државата. Зоран Заев мора да си даде оставка и да си замине пред да штетите по државата да бидат преголеми.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This