ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев вoвeдyвaaт фaшиcтички мepки кoи вoдaт кoн пoдeлби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На прагот на нов корона бран и повторно несоодветни, фашистички мерки смислени од Зоран Заев и Венко Филипче. Фашистички мерки кои водат само кон поделби меѓу граѓаните, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Мерки кои од една страна ги дискриминираат граѓаните, или дозволено им е влез во кафуле, да седнат на пример на ручек на лицата кои имаат прележано корона. Ова ќе биде ексклузивно право на оние кои се вакцинирани. За Заев и за Филипче постојат само вакцинираните, оние кои прележале корона и ја поминаа голготата да преживеат, ја поминуваа низ здравствениот систем кој во ниту еден момент не беше организиран, туку беше во целосен хаос. Заев и Филипче со новите мерки предизвикуваат и економски колапс на малите бизниси, на угостителството. Луѓето кои работат во овој сектор ги туркаат во бездна, ги уништуваат, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека но, тоа е она што може да направи тандемот Заев – Филипче да ги дискриминира граѓаните, да ги уништува бизнисите, економијата.

-ВМРО-ДПМНЕ апелира граѓаните да се вакцинираат за да се заштитат себеси од корона вирусот, но не може Заев и Филипче да ги дискриминираат. ВМРО-ДПМНЕ апелира на почитување на протоколите, ама силно се противи на уништување на економијата и на цел сектор од неа, сектор од кој живеат многу граѓани и се влеваат пари во Буџетот. Политиките на Заев и Филипче секогаш водат кон пропаст, затоа мора да се стави крај на нивното штетно делување, во конкретниов случај дискриминирање на граѓаните и уништување на економијата и цел сектор од неа угостителството, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This