ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО ВРАТИ ЌОСЕТО: СДСМ треба да знае дека споменикот на Ќосето ќе биде вратен, а тие ќе сносат политичка и историска одговорност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„СДСМ руши и уништува. СДСМ е безидејна и ги лечи своите длабоки фрустрации врз државата, граѓаните и имотот на државата.

Фото: Фокус.мк

СДСМ 9 месеци не изгради ништо ново, но сруши и уништи многу.

Споменикот на македонскиот револуционер Андон Јанев Ќосето е легално поставен со одлука на бадентерово мнозинство на Советот на град Скопје, а по претходно добиена градежна маркица од општина Центар.

Нема ништо незаконски во неговата градба. Незаконско е неговото рушење.

СДСМ треба да знае дека споменикот што го срушија и уништија ќе биде вратен откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја надомести секоја штета што СДСМ ќе ја направи врз државата и македонскиот народ.

СДСМ 9 месеци покажува безидејност.

СДСМ 9 месеци не отпочна ниту еден нов проект, не изгради ниту еден километар пат, не направи ниту една болница, училиште, градинка. СДСМ само руши и уништува.

Рушењето е само обид за дефокус на јавноста од катастрофалните политики на СДСМ како на меѓународен, така и на домашен план.

Економското фијаско, штетните договори, неуставните закони сето тоа СДСМ сака граѓаните да го заборават.

Граѓаните паметат и граѓаните знаат кој што и како направил.

СДСМ ќе сноси политичка и историска одговорност за уништувањето на државата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This