ВМPO-ДПMHE го испрати 3aeв на пcиxиjaтap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ бара психијатриска опсервација за премиерот Зоран Заев посочувајќи дека не е нормално однесување за премиер да оди на одмор кога во државата се случуваат огромни пожари.

-СДСМ води пироманска политика. Додека народот голта чад, гаси пожари со кофи и стравува за своите животи и имоти, премиерот Заев пие коктели и се лади.

Вистински предмет на стручна опсервација треба да биде премиерот Заев, штом во услови кога Македонија гори тој може безгрижно да ужива на одмор.

Секој одговорен државник кога земјата му е загрозена или се соочува со природна катастрофа, откажува состаноци и активноста, а не пак да замине на одмор. Очигледно на премиерот Заев му е поважен одморот од народот.

Ова само потврдува дека освен што се неспособни се и неодговорни.

Народот повеќе не очекува одговори од СДСМ и Заев, туку очекува одговорност, стои во партиското соопштение не ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This