- Advertisement -
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, Стража, Маврово, Крушево, Буково и Ѓавато.
Намалена видливост до 100 м. поради магла има од Тетово до с.Гајре и на планинскиот превој Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.