ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ КУПУВАТЕ И НАРАЧУВАТЕ: Во торта пронајден стиропор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двегодишно дете за малку ќе се задушело од парче стиропор ставен во неговата роденденска торта. Всушност, тортата била украсена со хеликоптер од стиропор, по желба на славеникот, но слаткарите не ги предупредиле родителите дека во тортата има и стиропор.

helikopter-stiropor
-Стиропорот не се гледаше, беше прекриен со слоеви фил и завршен слој локум исто како и останатиот дел од тортата. Ние не очекувавме ништо такво оти од слаткарницата не ни кажаа дека хеликоптерот не е за јадење- го пренесува весникот Вест родителот на детето.
-Моето двегодишно дете, славеникот, голтнало цело парче кое му стоеше заглавено во грлото. Не можеше да дише, почна да помодрува, па јас пикнав прсти во грлцето и успеав некако да извадам дел од стиропорот. Веднаш го однесовме на лекар за да ги извадиме и другите парчиња. Од тортата со стиропор пробаа и уште три мали дечиња додека да откриеме што е. Сега се сите добри, но и јас и останатите родители ќе ја тужиме слаткарницата- вели таткото на двегодишното дете, трето по ред во семејството.
Неговиот син завршил со исечено грло од обидите да му го извадат стиропорот, се плаши во сон и веќе неколку дена, од петокот навака, одбива да јаде. Родителите случајот го пријавиле во полиција, а за тортата со стиропор е известена и Агенцијата за храна и ветеринарство.
“За случајот е направен записник и известен е јавниот обвинител”, велат од МВР , а случајот го испитува и Агенцијата за храна и ветеринарство.
Родителите безуспешно се обиделе да добијат објаснување од сопственичката на слаткарницата за стиропорот во тортата. За нарачката на тортата тие имаат пишан документ, оти целата комуникација одела преку е-пошта. Во ниту еден момент, како што велат, слаткарницата не ги предупредила дека во тортата ќе стават делови што не се за јадење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This