Внимателно покрај речните корита и внимателно возење на места каде се можни одрони и паднати дрва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После вечерашниве врнежи зголемен е водостојот на повеќето реки низ земјава, а кај дел од нив има и значително високи водостои.

Според најновите информации од хидролошките станици, зголемен е водостојот на реката Треска, кој се очекува и натаму да продолжи да расте, така што предупредуваме на можни локални излевања во тој речен слив, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Исто така зголемен е и водостојот на Пчиња кај Катлановска Бања и предупредуваме на можност од локални излевања на Пчиња, вклучително и на нејзините притоките (Кумановска и Крива) и суводолиците во тој слив.

Зголемен е и водостојот на Црна Река во Новаци кој се очекува и понатаму да продолжи да расте и постои можност од локални излевања на нејзините помали притоки и суводолици. Константно е висок водостојот на Радика, Сатеска и на останатите реки во западниот дел од земјата, каде останува опасноста од нивно излевање“, посочуваат од УХМР.

Во вечерните часови и за време на ноќта се најавуваат нови врнежи. Можност од локални излевања, според УХМР, за време на ноќта има и во сливот на реката Црн Дрим, Кичевскиот регион, Тетовско-Гостиварскиот регион и Полошката котлина.

Од УХМР предупредуваат на крајно претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава поради опасност од нивно излевање, како и претпазливо возење покрај кањоните каде се можни одрони и нарушување на нормалниот патен сообраќај.

Од 18.30 часот e воведена забрана за движење на сите типови на моторни возила од мавровска крстосница до Дебар, од безбедносни причини (одрони и паднати дрва).

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This