Внyките на Ал Кaпoне ги прoдавaaт негoвитe лични рaбoти на аукциjа – мeѓу нив и нeгoвиoт омилeн пиштoл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓу аукциските предмети, омилениот пиштол на гангстерот, фотографии, писмо до неговиот син.

Внуките на американскиот гангстер Ал Капоне (1899-1947), кои живееја мирен живот во САД со децении, подготвуваат аукциска продажба на приватните работи на нивниот дедо, како што е неговиот омилен пиштол, фотографии со семејството и „соработниците„ и писмо што тој го испратил од затвор до неговиот син Сони…

На аукцијата во Сакраменто на 28 август, ќе има уште некои оружја кои ги поседувале Ал и Сони, дел од златник, неговиот џебен часовник изработен од платина и дијаманти, мебел, сребро, порцелан, накит и домашен филм на стара лента „во кој се Ал Капоне и соработниците“, објави „Сан Франциско Хроникал“.

Аукцискиот каталог на нешто наречено „Ерата на озлогласеноста – имотот на Ал Капоне“ се состои од 174 предмети.

Дајен Капоне (77), една од трите живи внуки на поранешниот мафијашки бос, чиј живот служеше и како мотив за познатиот филм „Скарфејс“, вели дека одлучиле да ги продадат работите бидејќи имале над седумдесет години.

– Решивме дека е време да се справиме со тоа и да и дозволиме на јавноста да ги има тие предмети – рече таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This