ВОВЕДЕНА ВОЕНА СОСТОЈБА ВО УКРАИНА: Украинскиот претседател го потпиша указот, се спроведува мобилизација на населението

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Украинскиот претседател Петро Порошенко го потпиша указот за одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана да воведе воена состојба во Украина, се наведува на сајтот на украинскиот претседател

 

Воената состојба во Украина ќе биде на сила од 13.00 часот (по средноевропско време) 26.ноември до 25.јануари 2019.година, се истакнува во указот.

Генералштабот на Украина доби наредба да ги превземе сите мерки на организација и делумна мобилизација, се додава во указот.

Советот за национална безбедност и одбрана на Украина воведе воена состојба во земјата по инцидентот во Керчкиот премин кога украински воени бродови нелегално ја преминаа руската граница.

Претходно ФСБ соопшти дека вчера бродовите на украинската морнарица „Бердјанск“, „Никопољ“ и „Јани Капу“ ги нарушиле членовите 19 и 21 од Конвенцијата на ОН за морско право, нелегално ја преминале државната граница на Русија. Бродовите влегле во привремено затворени води на Русија и неколку часа изведувале опасни маневри, не одговарајќи на барањата на руските бродови кои ги прателе. Сите три брода се задржани и подоцна превезени до пристаништето во Керч.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This