ВОЗДУХОТ ТОКСИЧЕН И ВО БИТОЛА: Скопје меѓу најзагадените во светот, градот под Пелистер токсичен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопје и Битола вечерва се гушат. Граѓаните и вечерва дишат канцероген отров, а властите не превземаат буквално ништо.

Концентрацијата на ПМ 10 честички во моментов е 534 микрограми, а максималната е 50 мг/м3, тоа е еднакво на вистинска еколошка катастрофа што се случува вечерва во Скопје.

Покрај главниот град, вечерва и Битола се соочува со енормно загадување.

Додека граѓаните се гушат во канцерогениот воздух, а мерачите на загаденост прегореа, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и премиерот Зоран Заев не мрдаат.

Граѓаните прашуваат дали ова е чистиот воздух, кој кандидатите на СДСМ го ветуваа во предизборната кампања, во недостаток на идеи и проекти за граѓаните.

Еве што зборуваше сегашниот градоначалник на Скопје, пред ја преземе функцијата која ја има сега.

Чистиот воздух беше и главно ветување на премиерот Зоран Заев, а тој откако поминаа изборите Владата предводена токму од него реши да го укине Денот на дрвото, една од мерките кои придонесуваа кон решавањето на проблемот со загадениот воздух.

Лицемерито од СДСМ и нивните НВО излезе на виделина. Оние кои ветуваа чист воздух сега никаде ги нема. Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Павле Богоевски, Златко Марин и Јани Макрадули добија власт, Скопје и Македонија се гушат, а тие молчат.


Истите оние невладини под контрола на соросовата фондација кои маршираа за чист воздух, сега молчат и никаде ги нема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This