Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која пред два дена околу 22 часот се случила на регионалниот пат Тетово-Пирок во тетовска Голема Речица.
Од полицијата информираат дека во несреќата учестувале патничко моторно возило „Пежо 306“, со тетовски регистерски ознаки управувано од Ш.Ф.(36) од село Ново Село, тетовско, и „Лупо“, управувано од Е.Б.(21) од Тетово.
-Двете возила лицата ги управувале без возачка дозвола. Во незгодата Р.Ф.(76) од Ново Село, сопатничка во „Лупо“ се задобила со тешки телесни повреди, а уште двајца сопатници од двете возила со телесни повреди. Трите повредени лица пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош, информираат од МВР.