(Вознемирувачко видео) МВР ce oглacи во вpcкa co cлyчajoт co нaпaднaтaтa maлoлeтничкa вo Велес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека превзема активности во врска со случајот во кој нападната беше малолетничка од Велес, а видеото од нападот заврши на социјалните мрежи.

-На 20.04.2021 во СВР Велес било пријавено дека на 17.04.2021 околу 16.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Велес 12-годишна малолетничка физички нападнала малолетно девојче на возраст од 11 години. Исто така, било пријавено дека на 18.04.2021 околу 15.00 часот на ул.„11 Октомври“ истата малолетничка физички нападнала друга малолетничка од Велес, информира МВР.

Од полицијата посочуваат дека во врска со настанот, во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните.

-Се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете, велат од МВР.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This