April 27, 2024, 11:36 pm

Boзнемирувачко видео: Белорускиот активист се обиде да се caмoyбие пред cyдењето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Степан Латипов, белорускиот активист, во знак на протест против заканата на владата да го гони неговото семејство, се обиде да изврши самоубиство денес за време на судското рочиште во Минск.

Латипов се повредил во пределот на вратот за време на судското рочиште додека седел во местото за обвинетиот, објави Центарот за човекови права Вијасна во Белорусија.

Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат дека чуварите на Латипов се обидуваат да го извлечат од ќелијата додека лежи неподвижен. Подоцна бил хоспитализиран и поради сериозноста на состојбата бил ставен во индуцирана кома, соопштила Висана.

Пред да се повреди, Латипов му потврди на својот татко дека за време на судењето, истражителите се заканиле дека ќе отворат кривични случаи против неговите роднини и соработници, доколку тој не се изјасни за виновен.

Латипов е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир, отпор кон полицијата и други дејствија што се казнуваат со затвор до 10 години. Тој се наоѓа во затвор од септември, кога беше уапсен за време на масовните протести против претседателот Александар Лукашенко.

Протестите ги започна опозицијата откако Лукашенко го освои шестиот мандат на изборите во август, што опозицијата не го призна, тврдејќи дека се наместени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This