Во градинките 86 зaболени вработени и 26 позитивни деца, во изолација 484 деца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за труд, Јагода Шахпаска, на денешната прес-конференција потврди зошто политиките и протоколите на власта се целосно промашени и не даваат резултат, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во градинките до вчера имало 86 зaболени вработени и 26 позитивни деца на Ковид-19. Дополнително, 484 деца се во изолaција. Тоа се над 500 семејства кои се во изолација поради пропусти во протоколите што биле преземени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека предлагале ваквите протоколи и подготовки за почеток на работата на градинките да се направат посистематски и со почитување на најстрогите препораки и мерки.

„На децата и на вработените и нивните семејства им посакуваме бргу да закрепнат, а на властите да почнат што побргу со сериозен и систематски пристап бидејќи се работи за здравјето и животите на најмладите и нивните семејства“, велат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This