ВО ЖИВО:Со извици „Македонија“ започна протестот во центарот на Атина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со извици „Македонија“ започна долгонајавуваниот протест „Македонија е грчка“ во центарот на Атина под силни безбедносни мерки и ангажирани 19.000 полицајци, со затворени улици и метро-станици.

„Солун кажа, на ред е Атина да извика: Македонија е една и грчка“, порачаа организаторите на протестот во видеоповикот, објавен на социјалните мрежи.

Очекувањата на организаторите се дека денеска на собирот ќе има најмалку 1 милион граѓани.

На присутните или лично или преку снимена порака со поздравен говор ќе им се обрати познатиот грчки композитор Микис Теодоракис, а говорници ќе бидат и професор по уставно право, тројца митрополити од ГПЦ и претставници на организаторите.

Но, непознати напаѓачи фрлиле боја врз куќата на прославениот грчки композитор Микис Теодоракис, кој ќе биде главен говорник на денешниот протест во Атина против употребата на името Македонија.

Според полицијата, напаѓачите употребиле црвена боја за да го вандализираат влезот од куќата на Теодоракис во Атина и притоа испишале заканувачка порака со спреј.

„Твојата приказна почна  планина и ќе заврши на плоштадот Синтагма“, стоело во пораката.

Паралелно со протестот на плоштадот Синтагма, на оддалеченост од само 800 метри, анархистите подготвуваат контрапротест, односно антифашистички собир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This