ВО ЖИВО: Столтенберг во Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг заедно со амбасадорите на сите земји членки на Алијансата претпладнево со највисоки државни и воени почести е пречекан на платото пред Владата на Република Македонија по што се очекува да има средба со премиерот Зоран Заев.

Предвидена е и заедничка прес-конференција на премиерот Заев и генералниот секретар на НАТО која ќе се одржи по завршување на работниот дел на Северноатлантскиот совет со Комитетот за интеграција на Македонија во НАТО и претставници на Влада.

Во текот на денот, Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет ќе бидат примени и од претседателот Стево Пендаровски.

Столтенберг во Македонја пристигна вчера попладне, а вчерта присуствуваше на прием во Собрнието што го организираше собранискиот спикер Талат Џафери. Оттаму, генералниот секретар на НАТО порач дека со „нетрпение ја очекуваат С Македонија како 30-та членка на Северноатланстаката алијанса“.

Наскоро, кога процесот на вашето пристапување ќе биде завршен, со нетрпение ќе ја пречекам С Македонија како триесеттата членка на нашата Алијанса. И да го видам вашето знаме развеано пред нашето седиште во Брисел, како и во нашите мисии и операции насекаде низ светот, рече Столтенберг.

Ова е прва посета на Столтенеберг и високите претставници на НАТО на Скопје по потпишувањето на протоколот за членство на земјата во Алијансата. Од февруари кога е потпишан Пристапниот протокол за членство на земјава во НАТО, досега го имаат ратификувано 14 земји – членки. Очекувањата се во јуни да влезе во процедура и во САД и да заврши оваа есен. Ратификацискиот процес, заеднички оценуваат надлежните, може да заврши и пред Самитот на Алијансата закажан во декември во Лондон.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This