Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева утринава го сподели своето романтично расположение со нејзините виртуелни пријатели преку социјалната мрежа Фејсбук, објавувајќи фотографија од размената на нежности помеѓу две кучиња
Додека во државата се случува политичка и Уставна криза благодарение на нејзиниот штитеник кој таа го ослободи од обвинувањата за велепредавство, во кое и таа заедно со институцијата која ја раководи имаат одговорност, Јанева по се изгледа е тотално исклучена од реалноста.
Наместо конструктивна дебата, предлози и мислења, Катица Јанева утринава одлучи да ги „почести“ нејзините виртуелни пријатели со фотографија од две кучиња кои се во процес на размножување, на тој начин споделувајќи го нејзиното „романтично расположение“. Со ова само докажува дека таа всушнот одамна не живее во реалноста, туку во сопствен свет во кој не постои место за етика, морал и одговорност.