ВО МАЛА ПРЕСПА ЖИВЕЕЛЕ БУГАРИ, НЕ МАКЕДОНЦИ: Европскиот парламент усвои резолуција со која се признаваат правата на Бугарите во Албанија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за Албанија во која се потврдуваат правата на бугарското население во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора.

Evropska_komisija

Оваа резолуција е донесена по предлог на бугарските европратеници, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски. Во текстот на резолуцијата се потврдуваат правата на бугарското население во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора и се препорачува тие да бидат вклучени во законодавството на земјата и да бидат гарантирани во практика, јави бугарската новинска агенција Фокус.

„ЕП забележува дека се потребни дополнителни напори за заштита на правата на сите малцинства во Албанија, преку целосна имплементација на релевантното законодавство и препорачува заштита на правата на лицата со бугарската народност во Преспа, Голо Брдо и Гора да биде овозможена со закон и обезбедена во пракса“ – се наведува во амандманот на бугарските европратеници.

Претходно, Ковачев во ЕП изјавуваше дека „во Албанија живеат 100.000 Бугари, кои ги немаат сите права на едно признаено малцинство“. Албанската држава во Голо Брдо, Гора и Мала Преспа препознава единствено Македонци.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This