ВО МЕКСИКО ПРОНАЈДЕНО СИДРО: Датира од времето на конквистадорите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поморски археолози близу брегот на Мексиканскиот Залив пронајдоа две железни сидра стари 500 година, кои можат да откријат нови сознанија за шпанската инвазија на американскиот континент.

Претпоставките говорат дека сидрата ѝ припаѓале на флотата на Шпанецот Ернан Кортез, кој го пoкopил Ацтечкото Царство во 16. век. Во таа област минатата година е откриено уште едно дрвено сидро со потекло од Шпанија.

Сите три сидра се пронајдени северно од пристаништето Веракруз. Кортезовата флота во 1519 година се сместила токму таму, каде што бил изграден тогашниот град Виља Рика.

По 1521 година, т.е. по победата над Ацтеките, градот се претворил во прилично прометно пристаниште. Археолозите се надеваат дека откритието ќе води до уште повеќе подводни пронајдоци поврзани со шпанската инвазија. Досега се посочени 15 можни локации на кои се наоѓаат други остатоци од бродовите.

– Освојувањето на Мексико било исконски настан во историјата на човештвото, а бродските тpyпoви, ако ги пронајдеме, ќе бидат симбол на cyдиpoт на културите кои денешниот запад ги довел до она што денес претставува сè тоа, нагласи поморскиот археолог Фредерик Ханселман.

Се верува дека Кортез ги yништил бродовите така што или ги зaпaлил или пак, намерно ги пoтoпил, за да спречи екипажот да се повелече од мисијата.

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Обрадор претходно оваа година побара од Шпанија да се извини на мексиканските староседелци поради злocтopcтвaтa при средновековната инвaзиja.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This