Марјан Цветковски, директорот на Македонската радио и телевизија од 2012, останува на таа функција уште три години. По објавениот конкурс за избор на нов директор, Програмскиот совет на МРТ повторно го избра Цветковски. Конкурсот беше распишан пред да му истече мандатот (март) на Марјан Цветковски и пред да се донесе новиот Закон за медиуми.
Стариот состав на Програмски совет на МРТ немаше дилеми во изборот на новиот извршен директор, а за негов заменик избран е Харун Ибраими.
Мандатот на новиот директор и заменик-директор на МРТ ќе трае три години со можност за реизбор.