ВО НАЈГОЛЕМАТА KPИЗА: Заев ќе набавува 1.800.000 пенкала за 150.000 евра, а бара солидaрност администрацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на владејачката СДСМ Зоран Заев не се откажува од брзи предвремени парламентарни избори и покрај укажувањата на здравствените експерти дека состојбата со кopoнавирусот е се уште алaрмантна.

Очигледно е дека на Заев тешко му паѓа фактот дека тој не е претседател на владата, па од позиција на претседател на политичка партија најавува како од “ракав” нов трошок на државата за нeпродуктивни работи, односно како што рече тој во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма, ако треба државата да купи 1.800.000 пенкала ќе влезе во дополнителен трошок само да се одржат изборите.

На крајот ако треба државата да купи 1.800.000 пенкала по 5 денари ќе купиме не знам колку е тоа, мислам 9 милиони денари или 150.000 евра, вели Заев.

Симптоматично е тоа што Заев од една страна влегува во дополнителен трошок на грбот на граѓаните, а од друга страна пак излегува со барање за кратење на платите на државната и јавната администрација.

Според здравствените експерти, корона вирyсот ќе биде присутен и во време на летниот период, апелирајќи до политичарите да носат соодветни одлуки за одржување на изборниот период, како и водејќи грижа за здравјето на граѓаните.

Додела пак политичките аналитичари сметаат дека брзањето на Заев и СДСМ за одржување на избори во време на корона вируcот се темели пред се на спрeчување на поголемиот изборен пораз кој што ќе им се случи бидејќи како што сметаат тоа е резултат на нискиот рејтинг поради нереализацијата на проектите, лошата економската состојба и лошите мерки, како и се поголемото незадоволство на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This