ВО РАБОТНА ПОСЕТА: Претседателот Пендаровски во Агенцијата за paзузнавање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски, денеска оствари работна посета на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија.

За време на посетата, претседателот Пендаровски беше информиран за тековните и предвидените активности во надлежност на Агенцијата, насочени за собирање, анализа и обработка на разузнавачки информации коишто се значајни за безбедноста, одбраната, политичките, економските и други интереси на Република Македонија.

Претседателот беше запознаен со придонесот на Агенцијата за разузнавање во исполнувањето на стратешките цели на Македонија – членството во НАТО и ЕУ, со акцент на меѓународната соработка на Агенцијата со партнерските служби. На средбата со раководството беше разговарано и за меѓуинституционалната соработка како важен дел за координацијата на активностите на институциите со сродна дејност со Агенцијата за разузнавање.

Пендаровски беше информиран и за активностите на Агенцијата за внатрешни реформирање и донесување нов Закон, со цел градење модерна и ефикасна разузнавачка служба, согласно препораките, критериумите и поддршката на НАТО.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This