Во текот на вчерашниот ден, уaпceни четири лицa од Скопје откако биле фaтeни со мapихyaнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден, уапсени се четири лица од Скопје откако била фатени од полицијата со марихуана, информираат од МВР.

На 17.06.2020 во 23,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, го лишиле од слобода Л.Ј.(25) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти денеска МВР.

На 17.06.2020 во 12,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.“Гоце Делчев“, лишиле од слобода 16 годишна малолетничка затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.06.2020 во 11,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Бледски договор“, го лишиле од слобода К.С.(31) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.06.2020 во 15,45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Анри Барбис“, лишиле од слобода 17 годишен малолетник затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This