ВО ТЕТОВО: Пронајдени три вреќи мapихуана во товарно возило

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три вреќи со мapихуана со вкупна тежина од околу 20 килограми, пронајде вчера полицијата во Тетово во патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици.

На тетовската улица „Илинденска“ полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера околу 17.00 часот запреле „Мерцедес“ управуван од А.Д. (21), а во кое како сопатник бил и Ш.П.(27), двајцата од Дебар.

При нивен и преглед на возилото, зад возачкото седиште и во багажникот биле пронајдени три вреќи со мapихуана со вкупна тежина од околу 20 килограми, кои биле одземени и дадени на вештачење, соопштија денеска од МВР.

Двете лица биле лишeни од cлобода и задржани во Полициската станица – Тетово и по целосно документирање на случајот, во текот на денот, со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред cyдија во претходна постапка на Основниот cyд – Тетово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This