- Advertisement -
Излезноста до 17 часот на денешните избори е поголема од онаа во првиот круг до овој период. Според информациите објавени на сајтот на Државната изборна комисија, излезноста до 17 часот е 42, 40 отсто, додека во првиот круг пресекот во 17 часот покажал излезност од 40,95 отсто.
Највисока излезност има повторно во Вевчани каде своето право на глас го искористиле 75,60 отсто од гласачите. Потоа Конче 73,15 отсто, Ранковце 71,02 отсто.