Во 2050 гoдинa ќe имa лyѓe нa Mapc, a Шилегов вeтyвa пpoeкти зa пepиoд кoгa тoj нeмa дa бидe гpaдoнaчaлник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шилегов во својот мандат единствено шири и се расфрла со лажни ветувања.

Во 2050 година ќе има луѓе на Марс, а Шилегов се расфрла со ветувања во идно време кога тој нема да е градоначалник. Народот до сега виде до кај одат ветувањата на Шилегов, резултати се нула.

Наместо нешто да сработи за доброто на граѓаните на Скопје, тој го уништи градот со својата неспособност.

Лажгото Шилегов наместо да  изгради нешто со цел да се подобри животот на скопјани, тој им ветува пешачка зона и тоа за период кога тој нема да биде градоначалник.

Шилегов е најнеспособниот градоначалник кој досега го имаше Скопје, тој не ги изгради ниту ветените булевари, не ги изгради мостовите за кои што говореше пред да стане градоначалник, не ја продолжи Илинденска и мостот за спојување на Карпош со Ѓорче Петров.

Неспособниот Шилегов не успеа од својата неспособност да ги реализира и ветувањата за жичарница и до Средно Водно, скијачка патека на Водно и зиплајн од Кале како и Луна парк не успеа да ги испланира.

Скопјани го видоа капацитетот на Шилегов, а на локалните избори ќе му вратат и ќе му наплатат за лажните ветувања со кои што се расфрлаше. – пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This