Вработени и гости кажуваат како било: Од музиката ништо не слушнавме, туку одеднаш вивна пламен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во моментов пожарот во ресторанот за свадби Рагуза е локализиран, но не е изгаснат. Пожарникарите остануваат на терен, а според јавувањето на нашиот репортер, побарале дотур на боци со кислород.

Гости и вработени велат дека најверојатно никој не останал горе заглавен во пожарот. Огнот за неколку минути се раширил низ цел објект на Рагуза.

Од музиката не се слушна ништо. Сега долу од станарите од зградите дознавам дека се слушнало силен тресок. Ние се веселевме, се си беше нормално, вели девојка која присуствувала на свадбата.

Вработени почнале да гаснат со ПП-апарати ппчнале да гасат.

Вработени во ресторанот свикаа пожар, додека да стиши музиката, настана пламен. Во паника почнавме да бегаме на сите страни, додава таа.

Вработен во Ресторанот вели дека пламенот вивнал додека да трепнат.

Се вклуија алармите, осетивме чад. Видовме дека нема да го изгаснеме со ПП апарати и ѝ рековме на музиката да прекине, додека да се разбереме, додека да предупредиме, вивна пламен. Беше многу страшно. Се распискаа сите, се разбегаа…. Кој по скали, кој во лифт… од алармите лифотот се заглави… Многу страшно… Некои успеале да ги извадат возилата, некои само бегаа да се спасат, вели келнерот.

Facebook
Twitter
Copy Link

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This