Врескаа „каде се парите?“, зборуваа за не знам какви изнесени милијарди, се изнаслушавме незаконски прислушувани разговори, а се сведовме на „мерцедесот“ и неслучени шамари.
Сега дојде животот и нема потреба ни од „бомби“, ни од фрлање куртони. Се е на виделина.
Терор врз уметници, цензура, судски прогон заради Фејсбук статуси, вработување на роднини и швалерки, милионски тендери за золви и баџанаци, газење на Устав и закон, царски и кацараски судски монтировки со тортура и закани, јавна ЕУ/НАТО поддршка за „балкански методи“ на прогон, уцена и поткуп, велепредавства од најстрашен вид, црни грчки фондови за поткупување македонски политичари и медиуми, поништување на волјата на мнозинството граѓани, најбрутално укинување на демократијата. И никому ништо.