На денешните предвремени избори за градоначалник на Ново Село ниту еден од двајцата кандидати, Никола Андонов од СДСМ и Николчо Стоилков ВМРО ДПМНЕ, не го доби потребниот број гласови.
На денешните предвремени избори за градоначалник на Ново Село ниту еден од двајцата кандидати, Никола Андонов од СДСМ и Николчо Стоилков ВМРО ДПМНЕ, не го доби потребниот број гласови. Имено, според податоци од штабовите на двајцата кандидати има голем број неважечки ливчиња и најверојатно тие пресудиле да нема победник денеска.
Според едни информации во минимално водство е Стоилков, а според други Андонов. Според информации, пак, од Општинската изборна комисија досега се преброени гласовите од помалку од половината избирачки места од вкупно 20 избирачки места.