ВУЧИЌ: Горд сум на српскиот народ во Црна Гора кој оди со крената глава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спремен сум во секое време да разговарам со Ѓукановиќ, но мораме и да се грижиме за 28,73 проценти Срби во Црна Гора, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ.

 

 

 

 

 

Тој на прашањето какви му се односите со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ тој рекол дека во интерес е работата да се заврши во корист на сите.

Ние изградивме Српска куќа која никој во Црна Гора не ја сакаше, одвоивме пари за српските инстиуции а притоа не го загрозивме суверенитетот на Црна Гора. Јас никогаш не сум бил во официјална посета на таа земја. Разговарав со Ѓукановиќ во Тирана и го кажав своето мислење, тој го кажа неговото.

Жал ми е што владејачката партија во Црна Гора се налути, тоа се гледа од нивните соопштенија.

Спремен сум во секое време да разговарам со Ѓукановиќ, но мораме и да се грижиме за 28,73 проценти Срби во Црна Гора. Секогаш говорам, ако имате рационален одговор понудете го, а ако немате тогаш во пронајдете го во иднина.
Горд сум на српскиот народ во Црна Гора кој оди со крената глава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This