Вучиќ: Горд сум што и покрај притиcoците никого не испорачав во Хаг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека е горд што никого не испорачал во трибуналот во Хаг. Тој истакна дека трпел притисоци и убедувања, но дека за време на неговиот мандат никој нема да биде испорачан во Хаг и дека е горд на тој факт.

„Мојот мандат се ближи кон крајот и горд сум што не дозволив и не сакав да испорачуваме во Хаг, а имаше притисоци“, кажа Вучиќ.

Потсети дека лидерот на српските радикали Војислав Шешељ по ослободителната пресуда го вратиле во Србија, во надеж дека, како што кажа, ќе го намали бројот на гласови на СНС, за потоа да мора во коалиција со некого од поранешниот ДОС, но тоа не успеало.

„Потоа издадоа налог за апсење, но бидејќи не го гонат за воени злосторства, баравме да му судиме тука. Но не го дозволија тоа, за постојано да ни држат Дамоклов меч“, кажа Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This